Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, со ударен коментар на Facebook во однос на утрешната посета на португалскиот министер за надворешни работи Августо Сантос Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Захариева открива дека во предлогот што го носат Вархеји и Силва не е во интерес на бугарската позиција во однос на Македонија и нема никакви гаранции за правата на Бугарите во Македонија, добриот третман за бугарските инвеститори и гаранции за прекин на црната кампања што ја води РС Македонија против Бугарија.
„Утре во Софија ќе пристигнат португалскиот министер за надворешни работи Августо Сантос Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. И двајцата се мои пријатели и колеги со кои работевме интензивно во последните неколку месеци. Целта на посетата е јасна. Претседателот Радев и неговата Влада да ја одобрат преговорната рамка со РС Македонија за да може земјата да ја држи првата меѓувладина конференција и да ги започне суштински преговорите за влез во ЕУ. Обидот за компромисен предлог веќе е јавна тајна во Брисел и циркулира слободно во коридорите на Комисијата и Советот а исто така и во европските престолнини. Со него се запознав и јас и затоа си дозволувам да го коментирам во аванс. За жал предлогот повторно не одговара на рамковната позиција на Бугарија прифатена од Владата и одобрена од Парламентот, бидејќи со него не добиваме никакви гаранции дека нашите соседи ќе ги прифатат европските вредности. Имаме ли гаранција дека ќе запре анти-бугарската политика во Скопје? Дека во РС Македонија нема да се гонат граѓаните со бугарска самосвест? Дека нема да се запираат бугарски книги на границата? Дека нема да се пречи на бугарските инвеститори? Дека ќе се емитува бугарска емисија? Дека ќе ја запрат црната кампања против Бугарија во цела Европа?
Јас не ги видов тие гаранции. Со интерес ќе ги следам разговорите утре. Повторно им благодарам на министерот Силва и комесарот Вархеји за нивното однесување. Бугарската дипломатска служба под мое раководство исто така беше посветена на проширувањето на Сојузот, но секогаш сме подвлекувале дека тоа не треба да биде за сметка на една држава членка. Ние го признаваме правото на самоопределба на граѓаните на РС Македонија и нивното право да го наречат својот јазик како што сакаат. Но и тие е редно да го признаат нашето заедничко минато. Само така ќе можеме да продолжиме заедно напред“, пишува Захариева на социјалната мрежа facebook.