Екатерина Захариева, која до неодамна беше бугарски заменик-премиер и министер за надворешни работи за Брисел 1 го коментира одложувањето на пописот во Македонија.
Според неа, Македонија го одложи пребројувањето поради тензиите со Албанците.
„И Европа и ние ќе го следиме пописот на РСМ да се спроведе според сите европски стандарди и правила“, изјави таа.
Таа вели дека претходно Грција беше виновна за Скопје, две години подоцна беа виновни уште две земји – Холандија и Франција, сега е виновна Бугарија. Вели дека во Македонија нема реформи и дека причините за тоа не треба да се бараат надвор. Захариева вели дека поради страв не очекува сите оние кои добиле бугарски пасоши да се декларираат како Бугари за време на пописот.