„Му благодарам на комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, за плодотворната средба денеска. Тој е еден од моторите на проширувањето на ЕУ и е голем пријател на Бугарија, којшто потполно ја разбира нашата посветеност кон земјите од Западен Балкан и нашата загриженост од тоа земји-кандидатки што сѐ уште не се реформирани да станат дел од нашето семејство“, напиша на социјалната мрежа Facebook поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по денешната средба со комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.
„Убедена сум дека со позитивно мислење и без црна кампања РС Македонија ќе постигне многу повеќе за да покаже дека ги прифаќа европските вредности и добрососедството. Бугарија никогаш не ја повлекувала својата протегната рака“, пишува Захариева на социјалната мрежа Facebook.