„Денеска во Брисел за време на состанокот на Советот за надворешни работи истакнав дека почетокот на преговори за членство само по себе не е доволно за да се затврди улогата на ЕУ кај земјите во Западен Балкан“, напиша на социјалната мрежа facebook министерката за надворешни работи на Р.Бугарија г-ѓата Екатерина Захариева.
„Потребно е државите од регионот да ги исполнуваат критериумите на ЕУ, да ги спроведуваат ефективно потребните реформи а исто така да запрат и со дезинформационите кампањи против држави- членки“, пишува Захариева. Таа додава дека за жал и пред 4 години кога претседател на Советот на ЕУ била Бугарија соседни на Бугарија земји (без да ја спомнува РС Македонија) повторно обвинувале други земји како оправдување за неисполнувањето на реформите.