„Се проценува дека корупцијата ја чини ЕУ до 6 отсто од нејзиниот БДП секоја година“, изјави еврокомесарката Екатерина Захариева пред Европскиот парламент во Стразбур, пренесува БНР.
„Ова е скриено злосторство со повеќе од една жртва. Неговата цена е на колективен товар на даночните обврзници“, додаде Захариева.
Таа потсети дека во 2023 година Европската комисија предложила ажурирање на антикорупциските правила. Во моментов се преговара за директивата во оваа област.