„Договорот за добрососедство и пријателство со РС Македонија не беше грешка. Споделена историја имаме со сите држави во светот, но заедничката историја е нешто друго и истата беше запишана во Договорот. За жал, тој систематски не се спроведува од Скопје и поради тоа РС Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ. Го повикувам Скопје, пуштете ги бугарските инвеститори, запрете ја анти-бугарската кампања, таа никому не е во интерес. Најголемиот успех на Бугарија е враќањето на темата за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Доказ за нашиот успех е фактот дека сите претседателства со Советот на ЕУ по нашето продолжуваат да работат по тоа прашање. Организиравме за прв пат од 11 години средба на високо рамниште Западен Балкан-ЕУ“, изјави во интервју за БГНЕС, поранешната вице-премиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
БГНЕС: Г-ѓо Захариева, имавте многу интензивен мандат како министер за надворешни работи. Кои периоди од него беа најнапрегнати за Вас?
Захариева: Не можам да кажам дека сум имала којзнае колку време за одмор во последните 4 години. Најнапрегнат беше периодот за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, но имаше и други интензивни периоди. Како на пр. преговорите за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со РС Македонија.
БГНЕС: Договорот беше потпишан, но денеска не се спроведува од РС Македонија. Грешка ли беше Договорот?
Захариева: Според мене не. За прв пат во него беше признаена нашата заедничка историја, која нашите соседи сега упорно ја нарекуваат споделена. Дури во текстот на Договорот објавен на сајтот на Министерството за надворешни работи на РС Македонија имаше обид овој збор да биде сменет. Споделена историја имаме со сите држави во светот. Но заедничката историја е нешто друго и таа беше запишана во Договорот. Колку и денеска некои политичари во Скопје да продолжуваа да зборуваат за споделена историја. Со Договорот беше создадена заедничката мешовита комисија за историски и образовни прашања, таму беше запишано и дека Скопје нема претензии за малцинство кај нас. Денес Договорот системски не се спроведува, работата на комисијата стои во место, но не по наша вина. Тоа е и причината на таа етапа да не можеме да ја одобриме преговорната рамка и одржувањето на првата меѓу-владина конференција ЕУ-РС Македонија. Можам да речам дека во Договорот има доволно гаранции за заштита на нашиот национален интерес, се разбира ако истиот се спроведува, што е и темел за секој меѓународен договор. Секогаш сум ги повикувала соседите од Скопје, пуштете ги бугарските инвеститори кои сакаат да создаваат работни места кај вас. Запрете ја цензурата врз бугарските книги на границата. Дозволете го емитувањето на бугарските телевизии, запрете ја анти-бугарската кампања, прекинете го малтретирањето на луѓето со бугарски државјанства и бугарска етничка самосвест и запрете ја црната кампања. Истата не е во ничиј интерес.
БГНЕС: РС Македонија ќе остане еден од најважните акценти во надворешната политика на претходната Влада. Кој според Вас е најголемиот успех на нашата земја во странство?
Захариева: Според мене враќањето на темата за европската перспектива за земјите од Западен Балкан во дневниот ред на ЕУ. Кога го презедовме претседателството со Советот на ЕУ голем број мои колеги министри за надворешни работи и високи претставници на Советот и Комисијата, ме убедуваа дека тоа прашање не може да биде наш основен приоритет, бидејќи во Унијата има замор за проширување и најверојатно ќе направиме политичка грешка. Ние не се откажавме и ја организиравме средбата на високо рамниште посветена на земјите од Западен Балкан во Софија, за прв пат од 15 години. По наше време и со активното посредништво на Бугарија, Советот за општи прашања го даде првото да за започнување на преговори со Албанија и РС Македонија. Доказ за тоа колку успешно сме ја наметнале темата е фактот дека сите претседателства со Советот на ЕУ по нашето, продолжуваат да работат на истата. Историски успех на нашата Влада беше и влезот на Бугарија во европскиот девизен механизам и банкарскиот Сојуз. Тоа се случи благодарение на заложбите на Министерството за финансии.
БГНЕС: Многу бугарски државјани живеат надвор од Бугарија. Успеа ли државата да се погрижи за нивната врска со татковината?
Захариева: Тоа е основен приоритет во нашата работа. Успеавме да го зачуваме административно-територијалниот статус на населениот со многубројна бугарска заедница Болградски реон во Украина, за кој што му благодарам на мојот колега Дмитро Кулеба и на Парламентот во Киев. Бугарското малцинство беше признато официјално во Албанија. Продолжуваме да ги поддржуваме нашите заедници и преку програмата за развој и преку редовната помош за бугарските училишта. Создадовме програма за помош на традиционалните бугарски заедници. Помогнавме на десетици илјади Бугари да се вратат во Бугарија за време на пандемијата на Ковид-19, кога границите беа затворени. Беа укинати визите за Канада за краткорочни посети. Граѓаните ќе можат да ги продолжуваат своите документи за идентификација on-line, а можам да кажам дека помина времето кога нашата земја укинуваше дипломатски претставништва. Отворивме генерални конзулства во Барселона и Тараклија во Молдавија кадешто има големи бугарски заедници, отворивме и амбасади и во Ријад- Саудиска Арабија и Абу Даби- ОАЕ.
БГНЕС: Успеавте ли да привлечете повеќе млади луѓе во бугарските дипломатски служби?
Захариева: Тешко е да натераш млад човек да започне работа како аташе со диплома за магистер, два странски јазици и почетна плата од 350 евра нели? Затоа се обидовме да ги зголемиме платите во МНР. Денес стажант аташе добива почетна плата од речиси 600 евра. Успеавме да извршиме обука и да ги испратиме во нашите екипи позади граница 53 млади дипломати. Успеавме да ги зголемиме платите во Министерството за 62 %. На почетокот од мандатот просечната плата изнесуваше 500 евра а сега изнесува повеќе од 800 евра.