Поранешната министерка за надворешни работи посочи дека досега само за Коридорот 8 меѓу Бугарија и РС Македонија во последните години се потпишани три меморандуми и уште најмалку 20 меморандуми за други области, но повеќето од нив, како што рече, останале на хартија и не се реализирани од Скопје
Поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за време на денешната дебата во бугарското Собрание за достигнувањата на владата на Кирил Петков во преговорите со С Македонија му упати, како што рече, „пријателски совет“ да намали со ентузијазмот, објави БГНЕС
„Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате“, рече Захариева и додаде: Ова е пријателски совет, а не непријателски“.
Таа посочи дека досега само за Коридорот 8 меѓу Бугарија и РС Македонија во последните години се потпишани три меморандуми и уште најмалку 20 меморандуми за други области, но повеќето од нив, како што рече, останале на хартија и не се реализирани од Скопје.