Во вечерашното интервју за бугарската национална телевизија „БТВ“, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, уверува дека не сите земји-членки на ЕУ ја поддржуваат Македонија да ги почне преговорите.

,Не треба да внесуваме нерешени прашања во ЕУ. Треба да бараме начин како да ги решавање, а не да се објаснуваме дека Бугарија бара нешто што никогаш не барала. Ајде повеќе да се фокусираме и да се сконцентрираме. Знам дека на Балканот е тешко да ги намалиме емоциите. Ние сме емотивни народи од двете страни. Не сите ја поддржуваат Македонија, да бидеме искрени. Нема толкав ентузијазам токму утре некоја земја од Западен Балкан да стане членка на ЕУ. Кога ќе почнат преговорите, тогаш – изјави бугарската шефица на дипломатијата.