Aко не се преземат ограничувачки мерки за спречување на епидемијата на Ковид-19 пред 7 јануари, од 22 може да се достигне врв на хоспитализациите во Франција.

Оваа проекција е земена од студија на Универзитетската болница од Нанси и Француската болничка федерација. Боројот на контаминираните со вирусот, може да започне повторно да расте по празниците на крајот на годината, јави дописникот на МИА.

Болниците можат да се најдат под силен притисок за достапност на кревети за интензивна нега на 22 јануари, проценува Кристијан Рабо, специјалист за инфективни болести и претседател на Медицинска комисија на Универзитетската болница од Нанси.

-Околу 4 јануари, можеме да замислиме дека додатни 500 кревети за интензивна нега ќе бидат зафатени во Франција. Сега се зафатени околу 2800. Ако преземеме мерки на 7-ми јануари, тие ќе бидат ефективни само на 22-ри. Помеѓу 7-ми и 22-та, работите продолжуваат да растат и побрзо отколку сега до 7-ми. Така, можеме да стигнеме до 5000 окупирани кревети на 22-ри, што е многу силен притисок за болниците “, рече тој.

Ширењето на вирусот, кој се чини дека достигна плато веќе неколку недели, навистина може да започне да расте повторно со мешање на популациите на крајот на годината.

Неговите забелешки се засноваат на студија на Универзитетската болница од Нанси и Болничката федерација на Франција, со која се проценува еволуцијата на епидемијата според стапката на репродукција на вирусот (познатиот „ефективен R0″). Од 7 јануари, тоа укажува дека помеѓу 3.500 и 5.000 луѓе би можеле да бидат на интензивна нега, бројка близу до таа достигната за време на врвот во средината на ноември.

Кон оваа напнатост ќе се додаде и намалувањето на бројот на медицински персонал. Повеќе болничарки, како и студенти по медицина, ќе бидат на одмор во овој период.