САД просечно регистрираат над 100 000 нови дневни случаи на ковид-19 дневно, што е најголем број за речиси шест месеци, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, објави Си-ен-ен.

Advertisements

Последен пат кога просечната дневна вредност за седумдневен период надмина 100 000 случаи беше на 11 февруари, покажуваат податоците.

Земјата достигна низок просек за 2021 година од 11 299 дневни случаи на 22 јуни. Зголемувањето на бројот, главно меѓу невакцинираните луѓе, е поттикнат од ширењето на Делта варијантата на коронавирус. Бидејќи половина од американското население е невакцинирано, хоспитализациите и смртните случаи, исто така, се зголемуваат.

Алармантниот пораст на заразени случаи и хоспитализации доаѓа кога милиони ученици се враќаат во образовните институции. Разговорите за носење маски во училиштата уште еднаш ја отвораат дебатата за напорите за ублажување меѓу државните и локалните службеници во училиштата.

Прикажи повеќе