Директорот на Цивилната заштита на Хрватска и министерот за здравство го посетија местото на кое утрото, на автопатот Белград-Загреб се случи тешката сообраќајна несреча, откако автобус со косовски регистерски таблички од непознати причини слетал од коловозот.

„Во автобусот имало 67 патници и двајца возачи. За жал, девет патници и еден од возачите загинаа. 44 патници се примени во Општата болница во Славонски Брод каде им се пружа лекарска нега. Од нив, осум се потешко повредени, четири лица се веќе оперирани а на останатите и натаму им се прават потребните орегледи. 14 патници и еден од возачите се овде во полициската станица и чекаат сместување во објект кој што треба да им го осигураме“, рече директорот на Цивилната заштита на Хрватска, Дамир Трут.

Министерот за здравство, Вили Берош, појасни дека во автобусот имало 15 малолетни лица. Едно од нив, станива збор за девојка девојка е меѓу потешко повредените.

Се уште нема информација дали меѓу патниците во автобусот имало и македонски државјани.