Седумдесет и петгодишен пешак загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во 06:30 часот на магистралниот пат Подмоље- Струга.

Според информациите на СВР Охрид, товарно возило „ман“,управуван од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата.

Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга.

Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми.  Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

Текстот Загина пешак кај Струга, во него удрил камион е превземен од МАКФАКС.