Дваесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Куманово – Свети Николе.

Според информациите на МВР, вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од с.Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с.Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол.

Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.