Ноќеска, два часа по полноќ загина малолетен мотоциклист на возраст од 16 години, кога се судрил со електричен тротинет управуван од 14-годишно момче. Трагедијата се случила на улицата „Цветан Димов“ во Чаир.
„Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа на полицијата и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Текстот Загина 16-годишно момче во Чаир, возел мотор и удрил во тротинет е превземен од МАКФАКС.