Премиерот Зоран Заев го коментираше ставот на ВМРО-ДПМНЕ за предлог законот за лични карти, со кој се предвидува да се вметне и етничката припадност. Според опозициската партија, ова е прифатливо, но не е прифатливо да стои придавката „Северна“, за што и поднеле амандман.

-Тоа знаете како е ‘сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот.  Дефинитивно треба да се поддржат вакви работи бидејќи сме мултиетничка држава. Јас знам дека има дебати и следам дека тоа може да предизвика одредена дискриминација или не. Ние никогаш не сме се криеле ниту некој од својот идентитет се срамел, напротив, сме се гоордееле и како мултиетничко општество сите се гордееме со етничката разноликост по која сме препознатливи и сме пример за соживот и можат многу развиени земји да учат од нас. Уставот на крајот на денот е Република Северна Македонија и апелирам да дадат поддршка, да не се бараат изговори, затоа што кога поднесувате законско решение не е само договорот од Преспа туку постои и Уставот, а тој вели дека нашата земја е Република Северна Македонија, вели Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција при презентацијата на петтиот пакет мерки.