Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во вчерашното интервју за ТВ21 откри дека со Бугарија имаат решение кое е прифатливо и за двете страни.
„Со Бугарија имаме решение кое е прифатливо за двете страни. Сакам да верувам, не можам да потврдам но сакам да верувам дека и овој пат не добивме зелено светло затоа што немаат парламент и немаат политичка Влада, заради тоа што знам што разговарав во Бугарија и знам дека се адресирани грижите на Бугарија и нема друго решение освен да оставиме времето да покаже дека искрено сакаме да градиме пријателство со нашиот источен сосед Бугарија“, истакна Заев.