Премиерот Зоран Заев во изјава за ТВ21 вели дека итно е упатен кон Кочани по пожарите кои избувнаа во текот на денот и зафатија неколку куќи.
„Јас и неколку министри одиме према Кочани, а неколку министри одат према Старо Нагоричани. Утре од сабајле на помош ќе дејствуваат и хеликоптерите. Пoдготвено е за утре од сабајле и помош од соседите, доколку е потребно“, вели Заев за ТВ21.
Тој додава дека се е под целосна координација на Централниот кризен штаб и се мобилизираат неопходните сили и противпожарни служби од општините кои се оптимално блиску за да стигнат.
„Во моментов е намелен ветерот и е локализиран пожарот над Кочани и Старо Нагоричани за да не зафати нови делови од урбаното подрачје“, додава Заев.