Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за скандалот со софтверот на поранешниот генерален секретар на Владата, за потребите на МВР, иако министерството немало потреба од тоа, вели дека не се прави ништо без причина. Како што вели, наскоро ќе бидат објавени сите документи, поради што ќе стане појасно.
-Има причинско правни последици зошто е тоа правено. Со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтвер кој може да се употребува во МВР. Постои писмена комуникација помеѓу двете институции – Генерален секретаријат и МВР, спроведен е тендер со проектирани 8 милиони денари, падната е цената на некои 5 милиони денари заради наддавањето, учествуваат компании коишто се капацитетни и самиот софтвер има конечна цел употребна вредност на улиците. Се работи за објект кој снима 360 степени, благодарение на претходни длабински анализи за потребата каков да биде, така што реков овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи, ова е правено со причина. Не ни текнало нас седејќи во Владата ‘ај ќе правиме софтвер’. Имало потреба за тоа, затоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства, вели Заев.
Би можело да ве интересира:
https://zoom.mk/35213/