Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Зоран Заев изјави дека петте точки во предлогот на Љубчо Георгиевски за дијалогот со Бугарија се негови лични статови. Тие како што вели Заев, не соодејствуваат на ставовите на Владата за дијалогот помеѓу Скопје и Софија.

-Ние вчера дадовме коментар дека мислењето на нашиот коалиционен партнер, Љубчо Георгиевски е негово лично мислење. Уште еднаш ќе кажам, владата ниту преговарала, ниту преговара, ниту ќе преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик, рече Заев.

Би можело да ве интересира:

Се огласи Љубчо Георгиевски: Односите со Бугарија се движат во ќорсокак, еве мој предлог