Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја одлуката на Владата за воведување на полициски час, а донесена на препорака на Комисијата за борба против заразни болести, изјави дека е очигледно дека граѓаните се опуштиле, пред се во почитувањето на досегашните мерки, забрана за групирања, задолжително носење на маски и слично.

-Очигледно е дека граѓаните се опуштиле во носењето маски, групирањата, дезинфекцијата. Бројот на новозразени алармира дека итно мора да се преземе нешто и еве преземаме. Ќе има засилени контроли на МВР и инспекциите, изјави премиерот Зоран Заев.