Премиерот Зоран Заев во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Алтернатива во врска со случајот „Монструм“, изјави дека нема никакво влијание, ниту било каков обид за влијание за овој случај или кој било друг и нема да има во понатамошните постапки пред Апелација, пред Врховен суд, затоа што, како што нагласи, тоа е минато свршено време. Секој, посочи, добива шанса и овде доказите и аргументите, според него, се богови во постапката. Истакна дека сосема нови обвинители и судии суделе по предметот.
-Уште во периодот на објавување на бомбите должност моја беше и како човек и тоа го сторив, сите прислушкувани материјали ги предадов во СЈО. Се отворија предмети и процеси, се реотворија, дел завршија успешно, дел завршија со повторување на казна, нови судски процеси. Ветувањето дека е вредно се за кое постои било каков дополнителен доказ и индиција, впрочем и нашите закони тоа го предвидуваат и Собранието отвори дискусија за посебни законски решенија на оваа тема се со конечна цел – правда, нагласи Заев.
Правдата, посочи тој, е невин да не лежи во затвор, но правда е тој што се огрешил по закон да одговара.