Како секоја недела, така и вчера, премиерот Зоран Заев и министерот Филипче возеа мотори низ Мамкедонија. Многу реакции имаше на социјалните мрежи, а се јави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со обвинување дека додека граѓаните умираат од пандемијата од коронавирусот, тие се возат со мотори. На новинарско прашање, Заев со одговор.

-Уште кога ме избраа премиер, реков викенд не работам. Недела е ден за семејството, за себе. Лично јас ги полнам батериите со возење на мотор. Недела е ден кога секој човек заслужува да одмори, и јас секогаш кога можам, за време на викенд сум за семејството. Иако имам дозвола, не се движев никаде за време на полициски час. Направив една турнеја добра низ земјата, и тоа е ден на викенд. Јас не се кријам. Го правам тоа за себе. Ако јас би бил покорисен, ако можеме нешто плус да помогнеме и јас и министеро Филипче, секако од тоа мое лично право веднаш ќе се откажам. Но сме направиле дефинитивно се, и недела е ден за одмор, вели Заев.