Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за најавуваното изненадување на Али Ахмети, кое треба да го открие утре, а за кое Заев рече дека е запознаев, вели дека не станува збор за заеднички кандидат Албанец за градоначалник на Скопје.

-Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер, порача Заев.