Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање изјави дека нашата држава ги поддржува сите права и на најмалите етнички заедници. Ова го изјави по најавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев за свиканиот состанок со безбедносните служби кои би требало да проверат дали навистина се кршат правата на Бугарите во Македонија. Заев вели дека секогаш македонската страна одговарала конкретно на сите прашања, па така може и за овие без испраќање на некакви разузнавачки служби.
-Ние сме земји членки на НАТО, ние сме сојузници, не ни треба испраќање на не знам какви разузнавачки служби, посебни служби да утврдат правата на граѓаните. Тамам работа. Правата на граѓаните се за нас светост во нашата земја, а верувам дека и во Бугарија е така и во цела Европа и треба за пример да ги решаваме ваквите проблеми.