Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори, рече дека такво нешто нема да има. Според него, Македонија веќе помина неколку пати низ вонредни парламентарни избори и само изгуби од тоа.

-Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата, рече Заев.

Ваквата изјава на Заев доаѓа по вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека од Месечината се гледаат Кинескиот ѕид, но и предвремени парламентарни избори.