Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Зоран Заев изјави дека знае кои негови коалициски партнери имале средба со Седат Пекер, еден од најголемите турски криминалци. Како што е познато тој на 18-ти јануари беше протеран од Македонија поради нерегулиран претстој, а подоцна се воспостави дека имал македонска лична карта. Додека бил во Македонија имал средби со политичари и бизнисмени. Заев за ова вели дека е легитимно.
-Јас сум запознаен кој од коалиционите партнери имале средба на негово барање низ чаршијата и на други места, но апсолутно , не може да се каже дека некој има вина поради тоа, затоа што е нормално некој кога ќе побара средба таа и да се закаже, посочи Заев.
Тој додаде дека луѓето кои се од неговото коалиционо опкружување не знаеле за што се работи во моментот кога објавувале фотографии со личноста од туркото подземје и дека за него била издадена патна исправа со лажен идентитет.
Заев вели дека не прифаќа тој и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да понесат одговорност, затоа што, како што вели тој, акцијата била успешна.
Посочи и дека еден од контролорите, односно референтите, кои изработувале оригинални пасоши за регионалните криминалци под лажно име, и давал документи на опозицијата да ги објавува за да створи политички тензии и така да се спаси.