Премиерот Зоран Заев изјави дека не може да ги коментира информациите кои Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ги дала во службената белешка за Орце Камчев бидејќи се строго доверливи, но може да каже дека станува збор за сериозни причини кои биле основ да се поднесе белешката до Јавното обвинителство.
„Она што го видов, според моите стандарди е и тоа како сериозно аргументирано, согласно тоа што е наведено во самата белешка, во извештајот, кој се доставува до мене, до претседателот на државата, до претседателот на парламентот, до министерот за внатрешни работи. Тоа е работа на АНБ и можам да кажам, по моја оценка, има сериозни аргументации надлежна институција, независна од извршната власт да се замисли и донесе одлуки. Видовме дека се донеле одлуки, односно ЈО да бара притвор и судот да одлучи за притвор. Оставам понатаму надлежните институции ако одлучат да споделат детали, јас не би споделувал затоа што се работи за класифициран документ со кој комуницираат институциите“, изјави Заев.