Лидерот на СДСМ денеска за време на посетата на Градско изјави дека денес не се трошат парите на граѓаните на камен и бронза, туку на градинки и училишта.
„Периодот којшто беше позади нас не е период од 100 или 200 години. Паралели можеме да влечеме што се случи овие четири години и што се случи пред четири години. Не ги трошевме народните пари во камен и во бронза. Ги трошевме во надградување на детската градинка во Градско во реконструкцијата на патот Велес–Градско. Се гради и патот Градско–Дреново. Инвестираме во нешто што живот значи за граѓаните. Руралните општини немаат големи буџети, заедно и со централната власт решивме многу проблеми на граѓаните. Триесетина улици се реализирани во една мала општина како што е Градско”, рече Заев во своето обраќање.
На крајот на средбата со жителите на Градско, Заев ги повика да дадат поддршка на овие избори и за Роберт Бешовски и да му се даде можност да го заокружи започнатото.