Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев на средбата со жителите на општина Демир Капија го најави Интервентниот план за инвестиции – кој е над 8 милијарди евра.
“Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат и работ во родното место, бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат” – рече Заев.