Премиерот Заев денеска соопшти дека Владата ќе го укине или ќе го намали прагот од 2 отсто потписи за кандидирање на локалните избори. Според најавата на Заев, прагот ќе изнесува или еден отсто или воопшто ќе го нема.
Премиерот Заев соопшти дека вчера имал средби со пратениците од парламентарните политички партии. Тој ги оценил како прифатливи укажуавњата на експертите и потврди дека ако одлучат пратениците прагот да се намали или да се укине, Владата ќе ја прифати нивната одлука.
„Секако дека не се плашам од независни листи. Вчера поминав цел ден во Парламентот и ги слушнав пратениците, буквално од сите пратенички групи. Укажувањата од стручната јавност се прифатливи и верувам дека веќе е најдено решение. Изборниот законик ќе биде согласно укажувањата кои стигнаа од експертската јавност но и од помалкубројните и незвисните кои оценија дека не е коректно поголемите партии да го определуваат процентот или прагот на собрани потписи за поднесување на независни листи. Видов дека има амбиент и ќе биде намален од 2 на 1 отсто или можеби и укинат. Како одлучат пратениците јас тоа ќе го поддржам“ – изјави Заев.