Претседателот на СДСМ и премиер на РС Македонија Зоран Заев изрази убедување дека неговата партија ќе ги добие локалните избори според бројот на вкупен број на гласачи, вкупен број градоначалници и вкупен број советници.
„Да, верувам дека ќе победиме и тоа по сите основи по кои што ќе се мери победа, а тоа е вкупен број на гласови, вкупен број на градоначалници, вкупен број на советнички места во државата вклучително и во градот Скопје. Тоа се според мене критериумите за победа. Јас верувам дека ќе ги исполниме сите четири основи за да прогласиме победа, нормално крајната одлука е на граѓаните, тоа е само мое чувство но го темелам на политичкото искуство што го имам и на основа на анкетите и истражувањата што ги очекувам“, изјави премиерот Заев во емисијата „Дебати“ на ТВ Шенја пред својот домаќин Насер Селмани.