Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, за време на прес конференцијата со германската амбасадорка Холштајн, изјави дека не му е страв дека ќе го зауби парламентарното мнозинство. Напротив, како што вели тој, поради европските политики очекува истото да се зголеми во нивна полза.
-Не трошам време на парламентарното мнозиство. Тоа се добива од исправни политики, а се губи од лоши политики. Токму ради исправноста на политиките, ради европските политики, очекувам мнозинството и да порасне. Испраќам порака дека треба да продолжиме да градиме иднина заедно, и да застанеме зад добрите проекти и во иднина заедно. Немам стравови дека ќе се загуби парламентарното мнозинство, изјави премирот Заев.
Како што е познато веќе извесно време ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе го преземе мнозинството бидејќи имало незадоволни пратеници од политиките на власта.