Премиерот Зоран Заев, денеска на Фејсбук се „пофали“ со економијата, за која кажа дека бележи историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1% во вториот квартал.

„Инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на подобро. Владата продолжува со посветена работа и добри економски политики за подигнување на животниот стандард.

Економијата бележи историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1% во вториот квартал. Просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари, што е за 7%, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година. Бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9% со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината.

Успешните економски политики даваат резултати!“, напиша Заев.