Премерот Зоран Заев останува на ставот дека пописот не треба да се одложи затоа што податоците што ќе се добијат се исклучително важни за државата и затоа што, како што рече, никој не може да гарантира какви ке бидат состојбите со пандемијата во иднина за тој да се одложи за извесен период. Учеството на пописот рече, е патриотски чин, а повикот или тивкото работење за бојкот е удар врз државата, па дури и врз својата етничка заедница.
-Ако некој гарантира дека за една или две години ќе имаме добри услови, или пак есенва дека ќе има добри услови немаме никаква причина и право да водиме инает за вака важно прашање. Но тоа не се знае. Десет години работиме во магла и облаци, бидејќи немаме податоци. Паралелите со другите земји кои ги одложиле пописите не е едноставно да се прават бидејќи имаат тие направено попис пред 10 години, а ние немаме. Овие податоци се потребни за креирање на сите политики во дражавата во интерес на граѓаните, рече Заев.
Тој не смета дека пописот може да придонесе во ширење на пандемијата, бидејќи, како што рече, само 10 минути трае попишувањето, а податоците што се добиваат се непроценливи.
Бојкотот рече, не е опција и додаде дека одговорност пописот да се одржи е на сите.
-Учеството во него е патриотски чин. Леснотијата да се пропагира и да се бојкотира пописот не е ни малку патриотски чин. Пописот е неопходен и е вистински патриотски чин. Од што се плашиме, што е вистината која ќе ја добиеме сите, кои сме колку члени смемејства имаме, какви сме по етничка определба, каде живееме, колку во главниот град, колку во внатрешноста од тоа ли се плашиме, рече Заев.
Според него, пораката за учество на пописот треба да ја испратат сите домашни политичари, вклучително и политичарите од домашната опозциција.
-Најлесно е да избегате од причина пандемија е несоодветно време е или слично. Кога ќе е соодветно? Дваесет години не било соодветно време. Имаме триестгодишна државност, а не занеме да кажеме колку живееме, каде живееме, колку во село, колку во град, колку сме по културолошка, верска и етничка определба. Неопходна е поддршка особено од политичарите кои се чукаат во градите да излезат и да кажат зошто е важно да се попишеме сите, рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.
Според премиерот, оној кој апелира да се седи дома, да се бојкотира,или кој потајно работи за седење дома прави директен атак на својата татковина и врз својот народ, но и ако сакате, како што рече, и врз својата етничка заедница.