По завршните зборови на обвинителката Фатиме Фатаи, која рече дека во „бомбите“ не може ништо да се дознае за случајот „Монструм“, премиерот Зоран Заев вели дека немал специфични информации за случајот.
„Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно. Преку читање на пресудите, достапни на тогаш 183 страни, секогаш сум давал одговор на новинарски прашања. Секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот“, смета Заев.