Дефицитот на вакцини против Ковид-19 во светот е основната причина зошто се уште немаме вакцини. Среќни сме што српскиот народ веќе со недели ја прима вакцината и што сподели од својата вакцина со македонскиот народ, порача премиерот Зоран Заев при примопредавањето на српската донација на вакцините на „Фајзер“ на граничниот премин Прешево-Табановце.
-Ние сме горди што сме членка на НАТО, но исто така сме свесни за недостатокот на вакцини во светот. Ние сме мала земја заедно со сите земји од Западен Балкан направивме напори и имавме склучено договор со „Фајзер“ и со „Синофарм“ од Кина. При крајот на неделата очекуваме да стигнат вакцините од Кина во нашата земја, рече Заев во одговор на новинарско прашање.