И премиерот Заев задоволен што лидерот на ДУИ, Ахмети не води кампања на етничка основа. Вели дека конечно и кај нив дошол граѓанскиот концепт, објави ТВ21. Како што вели оваа телевизија, со зеленото изненадување, ДУИ објави дека од сега во нивната агенда приоритет ќе биде зачувувањето на животната средина.
Но, кои теми за интегративците ќе бидат најитните, а во врска со животната средина? Еден од нив е и проектот со висококатниците спроти Холидеј Ин. Многу организации за животна средина и граѓани бараат укинување на овој проект, но дали ДУИ има моќ да ја спречи изградбата на ваков комплекс во срцето на Скопје?, прашува ТВ21, а одговор од ДУИ не добиле.