Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека Србија ќе ни донира околу 8 илјади вакцини против корона вирусот. Заев се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за помошта, која е добар пример на солидарност.
„Од февруари пристигнуваат вакцините и кај нас. Понудената помош од Србија ја прифативме и ќе добиеме 8 илјади вакцини од Фајзер. Ова е добар чин на солидарност на нашиот сосед, пријателството продолжува. Првите вакцини ќе се за здравствените работници, за семејствата кои имале член позитивен на Ковид-19, хронично болните лица“, истакна Заев.