Главен таргет на петтиот пакет мерки се најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од нето до бруто плата, од 14.500 до 21.778 денари. Во тек е и анализа за определување на целните групи на кои им е најпотребна финансиска или друга помош.

Ова во интервју за МИА го изјави премиерот Зоран Заев, во врска со средствата резервирани за ковид програмата за оваа година и начинот на кој ќе се трошат.

По празниците најави констултации со синдикатите, со претставниците на другите социјални партнери, стопанските комори и други со цел внимателно да се таргетираат најпогодените.

Вели дека државата има проектирано средства за оваа намена во Буџетот за 2021 година, а сите ресори имаат свои резервоари за помагање.

Една милијарда и 150 милиони евра се доделени по сите основи, кои досега ги развивме како пакети и продолжуваме понатаму, секако со надеж дека ќе дојде вакцината и сето ова ќе заврши во првото полугодие. Ние сме тука, финансиски сме ликвидни и солвентни. Граѓаните навремено си ги плаќаат своите давачки, државниот Буџет е стабилен и ги создаваме сите услови напролет да направиме еден убав рестарт на нашата економија, вели Заев во интервјуто за МИА.

Заев кон крајот на минатиот месец најави дека државата има веќе резервирано 50 милиони евра за ковид-програма за 2021, дополнително 17 милиони се за плати, а во самите ресори има 30 милиони.

Извор:МИА