Времето на неказнивост и на привилегии на криминалните актери го оставаме во историјата, напиша на неговиот фејсбук профил, премиерот Зоран Заев, по објавата на пресудата, со која поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор.

„Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда има и мир!“, напиша Заев.

Заев вели дека правосудниот систем e независна власт и денешните пресуди потврдуваат дека таа има можност да спроведува истрага без влијанија и да организира обвинителска и судска постапка, во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок.

„Тоа е начинот на кој треба да бидат спроведени и довршени сите предмети за организиран криминал и против Уставот и достоинството на граѓаните“, оценува Заев..