СДСМ во неколку албански општини ги поддржа кандидатите на ДУИ, а истото ќе го стори и во вториот изборен круг, објави ТВ21.
Во општините пак, каде во трка останаа двете коалициони партии Беса и ДУИ, Заев рече дека одлуката ќе им ја остави на граѓаните, а една од тие општини е Тетово каде силите ќе ги измерат Биљал Касами и Теута Арифи.
Заев отворено порача дека ќе му дадат поддршка на Рамиз Мерко во Струга, на Фатмир Дехари во Кичево, на Невзат Бејта во Гостивар и на Висар Ганиу во Чаир, сите кандидати на ДУИ.
Исто ќе постапи и опозицијата. Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека во сите општини каде неговата партија нема кандидат, ќе ги поддржат кандидатурите на опозицијата.
Партиите продолжуваат да си даваат меѓусебна поддршка и за вториот круг. Во Чаир, Гостивар, Струга и Кичево, СДСМ ќе ја поддржи ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ пак, во Гостивар ќе застане на страна на Алијанса, партија која сѐ уште не се произнесе во однос на Тетово. ВМРО-ДПМНЕ застана и зад независната кандидатура на Данела Арсовска за градоначалничка на Град Скопје. Останува неизвесно кај кого ќе заминат гласовите на Алијанса за Албанците во Кичево.