Премиерот Зоран Заев уште еднаш потенцираше дека ќе почека да заврши истрагата, па потоа ќе одлучи за оставките и за тоа кој е одговорен за пожарот во тетовската модуларна болница. Како што вели мора внимателно да се согледаат сите информации.
-Не можете да разрешувате Влада, министри, парламент, па дури и цел народ заради оваа болка. Мора да водите грижа за суштината и причинте за она што се случило, второ мора да знаете што после тоа. Ќе учите некој уште шест месеци да научи да менаџира со короната, со болницата во Тетово, мора да ги дадете соодветно одговорите. Кога ги давате соодветно одговорите мора да ги имате влезните информации до крај. Ако можеме да ги вратиме животите на овие луѓе, не само што ќе дадеме оставка, туку ќе заминеме и нема да се вратиме во политиката, само да се вратат овие луѓе, но тоа е невозможно, изјави Заев.
Тој додаде дека модуларните болници се поставени како во целиот свет, поради пандемијата, заради избегнување на ситуација поради пренатрупаност на болниците, да се примаат пациенти на паркинзи.