Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов со заедничка прес конференција ја најавија рекоснтрукцијата на Универзална сала. На новинарско прашање, премиерот Заев одговори дека Шилегов ја има целосно неговата поддршка за нов мандат за градоначалник на Скопје. Како што вели тој Шилегов е негов фаворит.

-За Шилегов имам само пофални зборови. Тој е мој фаворит, го немам ни прашано дали ќе се кандидира, но за мене е фаворит. За успесите за сите проекти да се изнајдат средства со сите ограничувања и во време на пандемија, и да се испорачаат сите овие успеси е вредно за големо внимание и поддршка. Нашите постапки за избор на кандидати се во летото, јуни, јули, август, крај на септември е кампања, изјави Заев.