За разлика од другите општини, во Шуто Оризари се уште се употребуваат најмногу азбест цевките.
Во посета, денеска беше и премиерот Зоран Заев, кој во 2018 година вети отстранување на азбест цевките. Вели дека парите се обезбедени, 100 милиони евра за нова канализација и водовод.
Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш вели дека околу 5 км улици се со азбест цевки, кои треба да се заменат.
Азбестот е матерјал кој го има во водоводни цевки и одамна е забранет во нашата земја поради тоа што е штетен за здравјето на граѓаните. Но, во неколку населени места сѐ уште се користат вакви водоводни цевки.
Според Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“, 7.5% од системот на цевки е од салонит. Од таму додаваат дека во нивната програма за инвестирање, секоја година се издвојува одредена сума финансиски средства кои се користат за реконструкција и замена на азбест-цементни водоводни цевки.