Премиерот Зоран Заев се мајтапи со пратеникот Арбр Адеми за изјавата дека ДУИ нема да ги признае резултатите од пописот ако етничките Албанци во Република Северна Македонија излезат под 20 отсто.
Заев повикува да се олабават сите околу пописот зашто стекнатите граѓански права на малцинските народи нема да се укинуваат.
„Пописот е само статистичка операција која е повеќе за административни потреби и планирање и зад нејзиното спроведување и зад резултатите стојат СДСМ, ДУИ и останатите партии во владејачката коалиција. Стекнатите права на помалубројните народи се веќе стекнати и нив не смее никој да ги оспорува и назадува, без разлика на резултатите од статистичката операција“, рече Заев.
Сличен став со Заев има и претседателот Стево Пендаровски, кој смета дека не треба да се поврзуваат резултатите од пописот со стекнатите малцински права на граѓаните.