Премиерот Зоран Заев денеска како претседател на СДСМ беше во посета на Гевгелија каде рече дека во партијата има и недостатоци, но, како што нагласи, затоа се прават промени, тврдејќи дека пладеачката партија се откажала од „старите, погрешни салонски навики” и дека денес е „блиска до граѓаните“.

– Се откажавме од старите погрешни салонски политики. СДСМ денеска е партија блиска до граѓаните. Прифаќаме критика, поттикнуваме гласност, знаеме да се повлечеме од одредени иницијативи и да прифатиме пдообри предлози, рече Заев.

Тој во пресрет на внатрепартиските избори на ново раководство рече дека во гевгелија секојдневно се ажурира членството, но и дека нови лица и пристапуваат на партијата.

– СДСМ победува, ужива доверба, но и се менува кон подобро за да им служи на граѓаните и на татковината. Во тек е процес на ажурирање и активна регистрација на членството на СДСМ, но правиме уште еден чекор кон натамошна демократизација. За првпат во земјава, на 21 март ќе се одржат директни внатрепартиски избори и тоа ќе го направи СДСМ – додаде тој.