-СДСМ инвестира во сегашноста и идината на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ја растура државата и уништува нашата иднина, напиша лидерот на СДСМ на својот фејсбук профил. Заев притоа додава:
-Ние се грижиме за рударите – тие ги игнорираа. Имав можност да се сретнам со пензионирани рудари во Паркот на рударите во Македонска Каменица. Со години беа обесправени – ние им ја намаливме старосната граница за пензионирање од 58 години на 50 години.
Со СДСМ сите се на сигурно – и граѓаните и државата. Денес сме светол пример на Балканот, пријатели со соседите, со НАТО и ЕУ перспективи.
Со ВМРО-ДПМНЕ државата е во изолација, граѓаните уценети.
Затоа на 17 октомври ве повикувам – споредете, направете разлика. Изберете го #НАЈДОБРОТО!