Премиерот Зоран Заев уште еднаш вербално го критикуваше првиот човек на Федерацијата, Мухамед Сејдини. Заев во интервју за Телевизија Клан се пожали дека сакал да се сретне со фудблерите пред нивното учество на ЕП, но сепак како што вели, тоа не го дозволил претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.
– Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив, но председателот на ФФМ, гопсподинот Сејдини не дозволи средба, ниту во просториите на федерацијата, ниту во ресторан. Сепак, јас и фудбалерите деновиве ке се сретнеме и веке ги поканив таа средба да биде во Владата. Јас немам ништо против Сејдини, но тој треба да ги почитува законите, кој и како избираат раководство на федерацијата и затоа пред некој ден изјавив дека фудбалската федерација е заробена од актуелниот председател, изјави премиерот Заев, кој притоа додаде:
-Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации (ОФС), а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат Законот, а не да работат на своја рака. Лично немам ништо против Мети, ниту го сакам неговото место, ниту имам некој свој за таа позиција. Едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите – рече премиерот Заев.
Сепак, од ФФМ излегоа со реакција. Како што се вели, правилата ги диктира УЕФА. Поради пандемијата со коронавирусот фудбалерите и стручниот штаб не смеат да се среќаваат со други лица освен оние кои се тесно поврзани со функционирањето на селекцијата.
-Мораме одново да потенцираме дека согласно протоколите од УЕФА, како и јасните упатства кои ги имаме добиено, не сме во можност да организираме било каков прием за поединци или лица од државни институции од причина што одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи. Секое непочитување на мерките и правилата утврдени во протоколот на УЕФА може да доведе до дисциплински мерки во согласност со дисциплинските правила на УЕФА и да го загрозаат учеството на тимот во завршниот турнир. Самиот концепт на заштитен меур („team bubble“), има за цел да создаде заштитено и ограничено опкружување за играчите и техничкиот персонал во текот на нивниот престој во хотел и за време на патување во завршниот турнир, велат од ФФМ.