Премиерот Зоран Заев прашан за тоа како Сашо Мијалков е недостапен за органите на прогонот, односно полицијата, изјави дека и тој е разочаран како и целиот народ. Но, сепак додава дека очекува Мијаклов да биде пронајден. Воедно доколку не се спроведе судската наредба за куќен притвор, тој како што вели ќе бара одговорност.
-Јас се надевам дека ќе биде исправен пред правдата, односно ќе биде пронајден. Во спротивно, секој што згрешил, ќе одговара. Не знам, БЈБ, АНБ, министерот, па дури и премиерот. Или доколку постои одговорност, ќе се бара и од судот, од обвинителството, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Инаку, вчера по наредна на судот, полицијата требаше да му врачи решение на Мијалков за куќен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување, но сепак не го најде на ниту една адреса која ја има на документите. МВР веќе распиша национална потерница, а ќе бара од судот можност да распише и меѓународна.