Расте бројот на инвестиции каде се отвораат нови добро платени работни места со нето-плата која е над просечната, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.
-Глобалните компании ја препознаваат Северна Македонија како поволна дестинација за вложување на својот капитал.Само неделава што изминa, имав можност да ги посетам и да се запознам со инвестициските планови на мултинационалната Teleperformance каде работат 350 наши сограѓани, претежно помлади лица во просек од 28 години, со просечна нето-плата од 700 евра како и со PhilipMorrisInternational кој најави нови 50 вработувања.За турската компанија Teknopanel, Северна Македонија е прва инвестициска дестинација надвор од матичната земја. Станува збор за еден од најголемите извозници во Турција на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 5 фабрики во Турција, над 450 вработени и извезува во 89 земји во Азија, Европа и Америка. Производството во Северна Македонија стартува во 2022 година, се отвораат 120 нови работни места со просечна плата над 33.500 денари. Дополнително најавени се нови странски инвестиции во Штип, Кичево и Скопје, со вкупен обем од над 54 милиони евра. Вкупниот извоз во првите осум месеци во зоните достигна 2,04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 и речиси 32% повеќе од 2018 година, напиша Заев.